Top Sport

Модриќ ги одбива арапските милиони, сака да остане во Мадрид

Лука Модриќ инсистира дека сака и следната сезона да биде фудбалер на Реал Мадрид, клубот каде што секогаш сакал да ја заврши кариерата и покрај луите пари кои му се нудат од Саудиска Арабија, тврди „Марка“.

Шпанскиот весник вели дека Ал-Ахли му понудил 80 милиони евра по сезона на хрватскиот ветеран, нешто што е седумкратно повеќе од парите кои ги добива во Мадрид, иако кај „кралевите“ е еден од најплатените играчи. Иако има 37 години, тој верува дека има уште една елитна сезона во него и сака да ја помине во клубот со кој освои пет титули од Лигата на шампионите.

Саудиските власти, кои се упорни во својата желба да ја трансформираат сопствената лига без разлика на тоа колку ќе чини, но по „корпата“ која ја добија од Лионел Меси сакаат да привлечат уште повеќе ѕвезди.

Scroll to Top