Во сите пораки и честитки за Новак Ѓоковиќ по неделниот историски триумф на Ролан Гарос, неговата 23. грен слем титула, една порака уште ја нема.
По 7:6(1)/6:3/7:5 победата над Норвежанецот Каспер Руд, Србинот го поминаа стариот ривал, Шпанецот Рафаел Надал, кој бргу му честиташе преку социјалните мрежи. Роџер Федерер не беше меѓу тие кои го одбележија овој момент.
„Многу честитки за неверојатниот успех, Новак. 23 е број кој пред неколку години беше невозможен да се размислува и ти го направи тоа. Уживај со твоето семејство и тимот“, напиша Надал.
Many congrats on this amazing achievement @DjokerNole
23 is a number that just a few years back was imposible to think about, and you made it!
Enjoy it with your family and team! 👏🏻— Rafa Nadal (@RafaelNadal) June 11, 2023
41-годишниот Федерер, кој според неговите фанови не е чест корисник на социјалните мрежи едноставно го немаше, и покрај тоа што повторно се „покрена“ дебатата за тоа кој е GOAT, или најдобриот на сите времиња во тенисот. И покрај ова, Швајцарецот, беше честопати брз кога се работеше за честитките за Надал.
Ова не е првпат да се тврди дека Федерер го преферира Надал пред Ѓоковиќ. Кога Надал го освои трофејот од Ролан Гарос во 2020 со победа над Ѓоковиќ, Федерер бргу му честиташе на Надал велејќи дека е чест да го „делат“ рекордот по бројот на гренд слем титуи без да го спомене Србинот. Од друга страна, Федерер, сепак, му честиташе на Ѓоковиќ по неговата победа на Австралија опен овааа година.
Ако Федерер го немаше, многу славни тениски легенди го направија тоа.
„Честитки за 23 гренд слема со што ја запечати својата легенда на Ролан Гарос. Твојата вештина и ментална сила на сите подлоги е неверојатна“, напиша австралиската легнда Род Лејвер.
„Тешко е да се дадат аргументи против Новак Ѓоковиќ. Ако го правите тоа, го правите поради чувства, а не резултати. Честитки за 23. Лудо е да се помисли дека тоа е воопшто возможно“, вели Американецот Енди Родик.
Congratulations on winning 23 majors @DjokerNole and cementing your legacy in another command performance at Roland Garros. Your skill and unwavering mental fortitude on all surfaces is astonishing. Kudos to Casper Ruud, who valiantly pushed this great champion all the way. 🚀 https://t.co/vY003Jj6Iu
— Rod Laver (@rodlaver) June 11, 2023
Tough to make any numbers based argument against @DjokerNole being the best ! If you’re making an argument against, it’s likely based on feelings and not record. Congrats on 23! Crazy to even think that’s possible
— andyroddick (@andyroddick) June 11, 2023