Луис Хамилтон и Мерцедес не се предаваат така лесно! И покрај доминантната брзина на Ферари, Британецот ја продолжи победничката низа на Мерцедес на славната италијанска патека, триумфирајќи пред илјадниците „загреани“ тифози за да ја зголеми предноста во генерален пласман на 32 поени пред Себастијан Фетел на седум трки пред крајот на сезоната.
Хамилтон стартуваше од третото место, и во првиот круг имаше контакт со Себастијан Фетел, кој погрешно ја процени ситуацијата, за неговиот најголем ривал да заврши на последното место, а безбедносното возило да излезе на патеката.
Кими Раиконен од пол-позицијата го зачува првото место пред Хамилтон и покрај храбриот обид на Британецот да го претекне, за во финишот на трката да успее да дојде пред Финецот, со помош на Валтери Ботас, кој ја заврши својата работа и го успори Ферарито. Вака, Ферари ќе почека за домашна победа, исто како Раиконен, кој нема победено од 2013 година.
Раиконен на крајот го освои второто место, Валтери Ботас кој го доби подиумот откако Макс Ферстапен во Ред бул беше казнет за нивниот судир во последните кругови, од кој профитираше и Фетел, кој беше промовиран на четвртото место пред Ферстапен.
Топ 10 го комплетираа Роман Грожан (Хас), Естебан Окон (Форс Индија), Серхио Перез (Форс Индија), Карлос Саинс Јуниор (Рено) и Ленс Строл во можеби последната трка за Вилијамс.
?END OF THE RACE! ?
TOP TEN
HAM ?
RAI
BOT
VET
VER
GRO
OCO
PER
SAI
STR#ItalianGP ?? #F1 pic.twitter.com/1XNu7ZpTQU— Formula 1 (@F1) September 2, 2018
Пак безбедносно возило во Монца – Хамилтон го удри Фетел (видео)