Top Sport

„Ѓаволите“ го договориле трансферот на Ким Мин-Јае за 60 милиони евра

Jужнокорејскиот стопер Ким Мин-Jае ќе го напушти Наполи и ќе замине во Манчестер Јунајтед, кој во него гледа замена за Хари Мегваер. Медиумите на Островот тврдат дека „ѓаволите“ ќе ја платат отштетната клаузула во договорот на дефанзивецот која изнесува 60 милиони евра.

Ким Мин-Јае ја освои Серија А со наполитанскиот клуб како еден од најважните првотимци и долго време е желба на менаџерот Ерик Тен Хаг.

Дека зделката е на чекор до реализација потврдува и италијанскиот весник „Ил Матино“, еден од главните медиуми на југот на „чизмата“.

Клубовите се договориле за трансфер вреден 60 милиони евра, а фудбалерот во моментот е во својата татковина каде ја извршува воената обврска.

Ким Мин-Јае во Наполи пристигна во летото 2022 година од Фенербахче за 18 милиони евра. Неговиот актуелен договор со „наполитанците“ е до 2025 година, со опција за продолжување на уште две сезони.

Scroll to Top