Top Sport

Украина дојде во Скопје, претседателот на федерацијата отиде во притвор

Фудбалската репрезентација на Украина вечерва и гостува на Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје во меч од квалификациите за ЕВРО 2024, а првиот човек на украинскиот фудбал, Андриј Павелко, заврши во притвор. Ова е разврска на аферата во случајот на корупција и проневера на пари за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта.

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина, Андриј Павелко, седна на обвинителна клупа на судот во Лвов и доби притвор од 60 дена без можност за кауција.

Украинските медиуми наведуваат дека покрај Павелко, во корупцискиот скандал е вклучен и генералниот секретар Јуриј Записоцки.

Scroll to Top