Top Sport

(ВИДЕО) Никола Јокиќ од десет години правел финти: „Буцкото тогаш сакаше бурек, а сега Американците ги праќа по бурек“

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ веќе неколку дена е главна приказна во спортскиот свет, откако на импресивен начин го предводеше тимот на Денвер Нагетс до првата титула во НБА лигата. Сега се појави видеото од Јокиќ кога бил десетгодишно момче и доминирал со своите врсници играјќи за својот прв клуб, Сокош од родниот Сомбор.

„Буцкото тогаш сакаше бурек, а сега ги испраќа своите ривали по бурек“, вели гласот што го придружува видеото.

Сепак, може да се види и дека на рана возраст им продавал „финти“ на своите ривали. Игор Арнаут, неговиот соиграч од тоа време, сведочи: „Никола тогаш не можеше да трча, не беше многу подвижен, но играше со глава. Тој беше плејмејкер заробен во телото на центарот“.

Scroll to Top