Популарниот јутјубер „IShowSpeed“ (вистинско име Дарен Воткинс), конечно, ја исполни својата огромна желба, среќавајќи се со Кристијано Роналдо.
И покрај тоа што уште е средношколец, Спид има армија на фанови и заработи милиони долари преку својот Јутјуб канал, и неколку години се обидуваше да се сретне со фудбалската легенда. Овојпат, по мечот на Португалија со Босна и Херцеговина и благодарение на Рафаел Леао, желбата беше исполнета.
Очигледно воодушевен, Спид прво падна на колена, за потоа да се соземе доволно за да се фотографира со неговиот хреој и да му ја покаже тетоважата со славната прослава на Португалецот.
IShowSpeed finally met Ronaldo pic.twitter.com/z6hkhjGlYA
— Dexerto (@Dexerto) June 17, 2023