Српскиот кошаркар Никола Милутинов добил исклучително богата понуда од челниците на Монако, пренесуваат француските медиуми.
Милутинов (28) е слободен играч откако го раскина договорот со челниците на ЦСКА Москва, а иако изминативе денови се пишуваше дека дефинитивно ќе се врати во Олимпијакос, француските медиуми имаат различни информации и тврдат дека клубот чиј тренер е неговиот сонародник, Саша Обрадовиќ сака да го ангажира еден од најдобрите центри во Европа.
Како што се наведува, челниците на Монако сакаат да изградат уште посилен тим за следната сезона и да атакуваат на пехарот во Евролигата, а соодветно на тоа сакаат значително да ја засилат централната позиција.
Медиумите тврдат дека Милутинов добил понуда од 2.500.000 милиони евра по сезона од првиот човек на Монако, што е многу повеќе од она што му го понудил Олимпијакос. Наводно, Олимпијакос на Милутинов најмногу може да му понуди 1.400.000 евра по сезона.