Македонскиот прволигаш Шкупи со победа ги отвори пријателските натпревари во текот на летните подготовки. Тимот од Чаир попладнево во Болу (Турција) го победи романскиот тим Херманштад со 2:1.
Двоен стрелец за Шкупи на овој натпревар беше Кристијан Трапановски.
Следниот пријателски меч Шкупи ќе го игра против Егнатија (Албанија) на 26 јуни.