Top Sport

Стоилковска го загуби првиот меч од финалето со Ерменија

Женската тениска репрезентација на Македонија губи со 0:1 против Ерменија по првиот меч во финалето од Третата европска зона во Били Џин Кинг купот кој се игра во Скопје.

Магдалена Стоилковска во првиот меч по голема борба загуби во три сета од Ирена Мурадјан.

Мурадјан го доби првиот сет со 6:4, во вториот Стоилковска возврати со 4:6, но потоа Ерменката имаше повеќе сила и го освои третиот сет речиси и без отпор со 0:6.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top