„Битката на милијардерите“, најавената пресметка во кафезот помеѓу Илон Маск и Марк Закерберг доби поинаква димензија, откако газдата на „Тесла“ и „Твитер“, Маск ја прифати понудата од канадската УФЦ легенда, Жорж Сен Пјер за тренинг.
„Јас сум твој голем фан и би ми претставувало вистинска чест да бидам твој тренинг партнер во предизвикот проти Закерберг“, напиша Сен Пјер на Твитер минатата недеа, за денеска Маск да му одговори: „ОК, да го направиме тоа“.
Претходно и газдата на „Фејсбук“ и „Мета“, Закерберг доби понуда од УФЦ легенда – Џон Џонс, актуелниот шампион во тешка категорија му ги понуди своите услуги.
„Веќе знаете дека сум во тимот Зак. Кажи ако ти треба тренинг-партнер“, напиша Џонс, но Закерберг засега не одговори.
Сепак, Закерберг има поголемо искуство од Маск – 39-годишниот Американец подолго време тренира бразилси џиу џицу, а неодамна победи на аматерски турнир. Тука е и разликата во големината – Маск има речиси 90 килограми, додека Закерберг нема повеќе од 75, но обложувалниците веруваат во Закерберг.
@elonmusk I'm a huge fan of yours and it would be an absolute honor to help you and be your training partner for the challenge against Zuckerberg 👊😁
— Georges St-Pierre (@GeorgesStPierre) June 24, 2023
Ok, let’s do it 🔥🔥
— Elon Musk (@elonmusk) June 27, 2023
You already know I am Team Zuck…. Let me know if you need a training partner!
— BONY (@JonnyBones) June 23, 2023