Top Sport

Медисон во 2013 пишуваше колку ги мрази Тотенхем, сега ќе потпише за нив

Фудбалерот на Лестер, Џејмс Медисон е пред трансфер во Тотенхем вреден 40 милиони фунти, но навивачите на Спарс не ги заборавија неговите активности на Твитер од пред десет години во кои јавно ја искажува својата омраза кон лондонскиот клуб.

„Го мразам Герет Бејл страсно, смири се мајмуне! Џек Вилшир е десет пати подобар од тебе, шимпанзо!“, вели во првиот пост на Твитер во 2012.

Во 2013 тој беше подиректен: „Се надевам дека Луис Суарез денеска ќе ги уништи Тотенхем, не ми се допаѓаат Спарс! Посебно тој мајмунот“.

Иако тогаш тој имаше само 16 години и играше за младинскиот тим на Ковентри сити, дел од навивачите на Тотенхем сметаат дека е погрешно да се потпишува договор со играч кој не го сака клубот.

Scroll to Top