Интер ја одби првата понуда на Манчестер Јунајтед за голманот Андре Онана. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг лично се залага за негова преселба на „Олд Трафорд“, а шефовите на „црвените ѓаволи“ веќе започнаа разговори со претставници на „нероаѕурите“. Засега, сепак, двете страни се далеку од договор.
Понудата на Јунајтед беше меѓу 45 и 50 милиони евра со бонуси, што е многу помалку од цената што Интер ја одреди за овој играч. Италијанскиот клуб се надева дека ќе добие 60 милиони евра за Камерунецот, а подготвен да започне можни преговори за минимум 50 милиони евра.
27-годишниот голман минатото лето дојде во Интер како слободен играч од Ајакс. Постепено, тој се наметна како прв избор на Симоне Инзаги и го замени ветеранот Самир
Хандановиќ на голот. Онана минатата сезона одигра 41 натпревар, прими 36 гола, а 19 пати сочува „чиста“ мрежа.
Во меѓувреме, Интер веќе бара можна замена за Онана. „Нероаѕурите“ се заинтересирани за голманот на Шахтјор Доњецк, Анатолиј Турбин.