Top Sport

Кевин Пантер на крајот остана во Партизан и потпиша нов договор

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер, го продолжи договорот за уште две години, објави клубот. Иако пред неколку дена беше објванео дека Кевин Пантер прифатил двегодишен договор од Барселона, тој нема да замине од Партизан. Напротив, ќе остане уште две сезони.

Капитенот на „црно-белите“ потпиша нов договор со шампионот на АБА лигата и ќе го предводи тимот на Жељко Обрадовиќ и во следната сезона во Евролигата.

Пантер имаше неколку понуди, а најчесто го поврзуваа со Панатинаикос и со Барселона.

 

 

Scroll to Top