Полскиот фудбалер од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински е последната фудбалска жртва на крадци во Италија, откако неговиот дом во Неапол бил ограбен, додека тој бил на одмор во Коста Смералда на Сардинија.
Според „Кориере дело спорт“, крадците покрај тоа што украле повеќе скапоцени објекти од неговиот дом, го „собрале“ и неговиот автомобил, кој сепак, бил пронајден во близина.
Фудбалерите од Серија А беа мета на крадци во последните неколку месеци – соиграчот на Зиелински, Хвича Кварацхелија остана без автомобил оваа сезона, исто како и фудбалерот на Рома, Мади Камара. Во Торино, пак, имаше неуспешни обиди за пробивање во домот на Анхел ди Марија, но во тој момент во куќата биле фудбалерот со семејството на Душан Влаховиќ.
🚨 Napoli, furto in casa Zielinski: cosa hanno portato via i ladri https://t.co/bWNzUp8TFl
— Corriere dello Sport (@CorSport) June 30, 2023