Македонскиот прволигаш Македонија ЃП без победа се враќа од подготовките во Словенија, а за крај доживеа убедлив пораз од српскиот тим Чукарички.
На Блед, „лавовите“ загубија со 4:0.
Противникот постигна по два гола во завршницата од првото и од второто полувреме.
Ивановиќ во 38.минута донесе водство за Чукарички, а Видосављевиќ зголеми на 2:0 само три минути подоцна.
Македонија ЃП имаше шанса преку Кристијан Стојкоски во вториот дел, но резултатот не се промени, а потоа повторно два гола за Чукарички.
Во 84.минута, Стојановиќ постигна трет гол, а Ндаје во 88.минута го постави конечниот епилог.