По поразот во првото коло од Црна Гора, денеска македонската младинска женска репрезентација немашее вистински шанси за подвиг против фаворитките од Данска, кои победија со високи 39:27 (18:13).
По одличниот старт во кој имавме 5:5, данската репрезентација ја презеде контролата и направи предност од пет гола, која ја одржуваше до второто полувреме, кога успеа да дојде до двоцифрена предност и запиша убедлив триумф.
Ива Младеновска со 7 гола и Сара Стефановска со 6 гола беа најефикасни за Македонија.
Во последното коло, во недела, македонските ракометарки играат со Чешка.
Фото: РФМ