Белгиецот Јаспер Филипсен стигна до својата трета етапна победа на Тур де Франс по спринтот во Бордо во петокот, поминувајќи го разочараниот Марк Кевендиш, кој се бореше за рекордна 35. етапна победа.
38-годишниот Кевендиш го дели рекордот по бројот на победи со 34 со Белгиецот Еди Меркс, и беше блиску до победата, откако го презеде водството во последните метри, за Филипсен да се врати и да победи со еден велосипед разлика. Третото место го освои изненадувањето од Еритреа, Бинијам Гирмај.
„Кевендиш беше брз и мислев дека нема да моожам да го победам. Но, на крајот имав среќа што најдов простор. Сепак, тој останува најдобриот спринтер на сите времиња“, изјави 25-годишниот Филипсен, кој победи во трите досегашни спринтерски етапи.
По шест етапи, актуелниот шампион, Данецот Јонас Вингегард останува лидер пред двократниот шампион, Словенецот Тадеј Погачар со 25 секунди разлика.
⏪A terrific finish in Bordeaux that sees @JasperPhilipsen take his 3rd win of the #TDF2023
⏪Une fin d'épreuve ultra-rapide à Bordeaux qui permet à @JasperPhilipsen de remporter sa 3e victoire sur le #TDF2023. pic.twitter.com/Hv0w7Lr3HX
— Tour de France™ (@LeTour) July 7, 2023