Тотенхем го комплетираше потписот на крилниот играч на Шахтјор Доњецк, Манор Соломон. Израелецот во Лондон доаѓа како слободен играч.
Тој минатата сезона беше позајмен во Фулам и постигна пет гола на 24 натпревари.
Во Тотенхем ќе треба да го замени Иван Перишиќ кој речиси сигурно заминува од клубот. Тој преговара за трансфер во хрватскиот клуб Хајдук Сплит.