Top Sport

Селектор сексуално злоставувал фудбалерки уценувајќи ги со настапи во репрезентацијата

Голем скандал во женскиот фудбал во Африка. Селекторот на женската фудбалска репрезентација за Замбија, Брус Мвапе, е обвинет за сексуално злоставување на фудбалерките, а случајот го испитува и ФИФА.

Дел од фудбалерките го обвиниле селекторот дека ги терал да имаат сексуални односи со него доколку сакаат да го задржат местото во националниот тим.

Челниците на замбискиот фудбал истакнуваат дека ова е сепак случај кој се провлекува веќе подолг период, а тие сите информации ги имаат испратено до полицијата, како и до канцеларијата на ФИФА.

Scroll to Top