Металург немаше вистински шанси на гостувањето во Белорусија, и загуби со високи 41:29 (17:15) од Мешков Брест за втор пораз во вториот меч од СЕХА лигата.
Без капитенот Филип Кузмановски, кој „бунтува“ и очекува раскин на договорот и без повредениот Мартин Велковски, тимот на Данило Брестовац беше рамноправен само едно полувреме, по што домашните ја преземаа иницијативата и прво зголемија на +5 во средината на второто полувреме, пред во финишот целосно да доминираат за убедлива победа.
Халил Јагањац беше најефикасен во составот на Металург со шест гола. Кај Мешков Брест нападот го предводеше Александар Шкурински со осум гола, а еден помалку постигна Петар Ѓорѓиќ .
За Металург следен меч во СЕХА-лигата е на 9 септември против словачкиот Татран Прешов.
Фото/Видео: СЕХА лига