Данил Медведев е третиот полуфиналист на Вимблдон, откако Русинот се врати од 2:1 негатива во сетови за со 6:4/1:6/4:6/7:6(4)/6:1 да го совлада најголемото изненадување на гренд слемот, Американецот Кристофер Јубанкс во меч кој траеше нешто помалку од три часа.
Русинот во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот кој е во тек, помеѓу првиот носител, Шпанецот Карлос Алкараз и Данецот Холгер Руне, додека во второто полуфинале играат првиот фаворит Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.
Медведев, кој е светски број 3, никогаш не криел дека играта на тревната подлога му е слабата страна, но започна одлично освојувајќи го првиот сет со еден брејк. Но, Јубанкс потоа се врати со огромна поддршка од публиката, за да ги освои следните два сета. Четвртиот сет беше одлучувачки, и откако Американецот падна во тај-брејкот со 7:4, во последниот сет немаше сили да му се спротистави на Русинот. Да потсетиме, 27-годишниот Јубанкс го играше својот прв Вимблдон, првпат поминувајќи ги квалификациите.
„Прво полуфинале тука и тоа значи дека следниот меч ќе играм на ‘Централниот терен’, и ќе ми недостасува овој терен бидејќи двапати се враќам со победа во пет сета. Имаше моменти во мечот кога бев целосно загубен, почнав да тонам, а тој играше одлично, но потоа во четвртиот сет знаев дека морам да се борам до крај“, вели Медведев.