Алжирскиот интернационалец Ријад Марез ги договорил личните услови за преселба во Ал-Ахли. Клубот од Саудиска Арабија за трансферот ќе му понуди 35 милиони евра отштета на Манчестер Сити, а за двегодишна соработка тој ќе добие 50 милиони евра.
Преговорите меѓу клубовите ќе се водат следната недела.
Марез нема ништо против да ги следи фудбалерите кои ја напуштија Европа ова лето и се преселија во Саудиска Арабија за огромни пари. Доколку овој трансфер се реализира, тој ќе стане соиграч на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.