Top Sport

Мајк Дин ја напушта Премиерлигата

Еден од најпознатите англиски судии Мајк Дин ја напушта Премиерлигата, како и Организацијата на професионални фудбалски судии, соопшти здружението. Во последната сезона 55-годишниот судија работеше само како ВАР судија.

Во својата богата кариера, тој има судено на 553 натпревари во Премиерлигата.

„Би сакале да му оддадеме признание за достигнувањата на Мајк и неговиот огромен придонес и во судењето и во фудбалот воопшто“, соопшти Организацијата на професионални фудбалски судии.

 

Scroll to Top