Top Sport

Одбојкарскиот првак Струмица ги доби ривалите во прелиминарната фаза од ЛШ

Македонскиот одбвојкарски шампион Струмица доби квалитетна група во првата рунда од натпреварите во Лигата на шампионите на ЦЕВ за новата сезона 2023/24. Струмичани се најдоа во друштво на бугарскиот првак Нефтохимик Бургас, црногорскиот шампион Будва, како и унгарскиот претставник Фино Капошвар.

Првите две екипи од оваа група ќе го продолжат натпреварувањето во следниот сегмент.

Според променетиот формат на ЦЕВ, оваа година ќе се играат две рунди во прелиминарна фаза, а потоа само две екипи ќе влезат меѓу 16 најдобри тимови во главната фаза на Лигата на шампионите.

 

Scroll to Top