Фудбалската репрезентација на Италија ќе биде домаќин на селекцијата на Македонија на Олимпискиот стадион во Рим. „Аѕурите“ го избраа „вечниот град“ за организатор на квалификацискиот меч за ЕП 2024 во ноември против нашиот национален тим. Тој меч треба да се одигра на 17 ноември.
Минатиот пат во Палермо доживеаја голем шок и елиминација од Македонија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Македонија ќе ја пречека Италија на 9 септември во Скопје, на арената „Тодор Проески“.