Top Sport

Кајл Вокер го известил Гвардиола дека сака трансфер во Баерн Минхен

Англискиот репрезентативец Кајл Вокер го известил менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, и неговите соиграчи дека сака да се пресели во Баерн Минхен. 33-годишниот дефанзивец пред неколку дена ја прифати понудата на Баварците.

Сега Баерн Минхен треба да се договори со „граѓаните“ околу трансферната сума за десниот бек.

Вокер е под договор уште една година, а се очекува двата клуба брзо да се договорат.

Сепак, англискиот клуб прво сака да обезбеди замена за Англичанецот, а потоа да го продаде на Баерн Минхен. Се верува дека трансферот може да се случи додека двата клуба се на турнеја во Јапонија.

 

Scroll to Top