Генералниот директор на Сасуоло, Џовани Карневали тврди дека одбиле да го продадат Бразилецот Рожерио на Спартак Москва бидејќи не сакале да имаат зделка со руски клуб поради „етички причини“, односно поради војната во Украина.
„Тоа е вистина. Преговорите ги заврши негвиот агент, имаше понуда од 8 милиони евра и на крајот, заедно со сопствениците, решивме да не продолжиме со тој трансфер. Поради етички причини, не сакавме зделка со руски клуб. Знаеме дека договорот на Рожерио завршува следната година, но сакавме нашата совест да биде чиста, да не правиме бизниси со одредена земја. Дури и по цена да го загубиме без отштета. Ако дојде понуда од друг клуб, ќе размислиме за тоа“, вели Карневали во интервју за „Ла газета дело спорт“.