Македонските тенисери Калин Ивановски и Елдин Хусеиновиќ се поразени во игра на двојки во четврт-финалето на фјучерсот во австрискиот град Крамшах. Тие загубија од Американците Николас Бибел и Џејми Вејнси со 2:1 во сетови (6:4, 4:6, 10:6).
Првиот сет беше израмнет до десеттиот гем, кога американската двојка успеа да направи брејк и го комплетираше со 6:4 во гемови.
Сепак, Ивановски и Хусеиновиќ возвратија со брзи 3:0 во гемови во вториот сет и го добија на крајот со 6:4.
Македонскиот дубл имаше водство од 5:2 на поени во третиот решавачки сет, но потоа Американците направија клучна серија од седум поени по ред. Сетот го комплетираа со 10:6 на поени.