Белгискиот интернационалец Шарл де Кетеларе би можел да го напушти Милан по само една сезона во клубот. Тој не ги исполни до крај очекувањата по доаѓањето од Клуб Бриж, а за него има интерес од клубови од други првенства.
Заинтересирани се ПСВ Анјдховен и Астон Вила, но ниту еден клуб сѐ уште нема дадено официјална понуда.
Француските медиуми тврдат дека Олимпик Марсеј сериозно влегува во трката за офанзивецот на Милан. „Росонерите“ за него бараат најмалку 28 милиони евра.