Шпанскиот кошаркар Хуанчо Ернангомез по завршувањето на одисејата во НБА лигата пристигна на аеродромот во Атина каде ќе игра за Панатинаикос.
Синоќа слета околу 19:25 часот, пет минути пред натпреварот меѓу Панатинаикос и Днипро во квалификациите за Лигата на шампионите. Сепак, имаше значителна група од 350 членови на навивачи на ПАО кои го пречекаа по излегувањето од авионот.
Хуанчо, како да знаеше, беше облечен во зелени тимски бои, дури и обетките му беа во форма на детелина.
Навивачите го поздравија со овации, а тој од автомобилот извади шал на Панатинаикос и им се придружи во навивањето.
„Не знам за судбина или среќа. Играв во Атина минатата година против Грција и се заљубив во градот и навивачите. Велат дека е луда атмосфера кога игра Панатинаикос. Едвај чекам да го видам тоа и да заиграм за овој тим“, изјави шпанскиот играч по пристигнувањето.
Ернангомез накратко ги напушти подготовките на шпанската репрезентација. Тој остана неколку часа во Грција за да направи лекарски прегледи и да договори некои детали за неговиот иден престој.
Juancho Hernangomez landed in Athens and he received a “very warm welcome” from Panathinaikos fans. #paobc
(📽️ via @Novasportsgr, YouTube) pic.twitter.com/SL6N3TaS5o— George Zakkas (@ZakkasGeorge) August 1, 2023