Top Sport

Бешикташ сака да го купи најголемото трансферно промашување на Арсенал

Напаѓачот што не успеа да се наметне во Арсенал, Николас Пепе, би можел да ја продолжи кариерата во Турција. Бешикташ е заинтересиран за интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, кој веќе не е во плановите на „топчиите“.

Лондонскиот клуб плати 80 милиони за да го купи крилниот напаѓач од Лил. По незадоволителните игри, Пепе беше испратен на позајмица во Ница, а сега се бара клуб кој комплетно би го откупил неговиот договор.

Бешикташ е заинтересиран да го доведе Николас Пепе во Турција, а преговорите се во завршна фаза.

Scroll to Top