Напаѓачот што не успеа да се наметне во Арсенал, Николас Пепе, би можел да ја продолжи кариерата во Турција. Бешикташ е заинтересиран за интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, кој веќе не е во плановите на „топчиите“.
Лондонскиот клуб плати 80 милиони за да го купи крилниот напаѓач од Лил. По незадоволителните игри, Пепе беше испратен на позајмица во Ница, а сега се бара клуб кој комплетно би го откупил неговиот договор.
Бешикташ е заинтересиран да го доведе Николас Пепе во Турција, а преговорите се во завршна фаза.