Top Sport

Мото ГП: Алекс Маркез триумфираше на спринтот на Силверстоун

Алекс Маркез ја оствари својата прва победа во Мото ГП, откако триумфираше на спринтот за Големата награда на Велика Британија. Официјално, сепак, тоа нема да се смета за победа за Шпанецот, бидејќи тоа беше само спринтот во Силверстоун, а не и главната трка.

Мотоциклистот на „Гресини Дукати“ стартуваше трет и малку заостана во првиот од вкупно десетте круга. До крајот на вториот круг, сепак, тој го презеде водството, а потоа целосно ја контролираше разликата со првиот Марко Беѕеки (VR46 Дукати) за да победи со 0,3 секунди пред Италијанецот.

Триото го комплетираше Маверик Вињалес (Априлија), чиј тимски колега Алеиш Еспаргаро беше поминат од Јоан Зарко (Прамак Дукати) на стартот од последниот круг во битката за четвртата позиција.

Бодови од спринтот во Велика Британија освоија и Хорхе Мартин (Прамак Дукати), Џек Милер (КТМ), Аугусто Фернандез (Tech3 Гасгас) и Бред Бајндер (КТМ).

 

Scroll to Top