Top Sport

Вест Хем го донесе и Вoрд-Прaуз

По Хари Мегваер, Вест Хем е на прагот да доведе уште едно звучно засилување. Легендата на Саутемптон, играчот за врска Џејмс Вoрд-Прауз, во наредните денови ќе го официјализира договорот со „чеканите“.

Вест Хем започна да ги троши парите заработени од трансферот на Деклан Рајс. Откако до говорија Хари Мегваер за 30 милиони фунти, истата сума ќе му ја платат и на Саутемптон за Ворд-Прауз.

Вард-Прауз ќе потпише договор со Вест Хем на четири сезони.

Интересно, 29. годишниот играч од средниот ред целата кариера ја помина во Саутемптон. Во клубот пристигна на девет годишна возраст, а за првиот тим дебитираше во 2011 година

За „светците“ одигра 422 натпревари постигна 55 гола и забележа 54 асистенции.

Scroll to Top