Top Sport

Струга ТЛ ќе го спаси четвртото место за македонските клубови во европските купови

Македонскиот првак Струга Трум Лум ќе го спаси четвртото место за екипите од нашето првенство во европските купови. Одличните игри и победите на Струга ТЛ нѐ искачија веднаш над граничната линија, па Македонија најверојатно ќе ја задржи привилегијата за четири претставници во европските натпреварувања (шампионот, победникот на Купот и уште две екипи според пласманот на табелата). Поради слабите резултати на македонските клубови во Европа во последните пет сезони, учеството на четвртиот претставник беше загрозено, односно загубено.

За искачувањето на Македонија на 50.место, последно кое носи четири претставници, придонесе и поразот на Санта Колома (Андора) од АЗ Алкмар.

Струга ТЛ е на добар пат да обезбеди и плеј-оф во Конференциската лига, а таму најверојатно би се сретнала со исландскиот Брејдаблик, кој загуби од Зрињски со 6:2 во првиот меч од оваа рунда.

Scroll to Top