Еден од најдобрите светски голмани, моментно член на Милан, Мајк Мањан, следното лето ќе стане нов член на Баерн Минхен. Како што тврди „Билд“, Германците одлучиле Мањан да го наследи Мануел Нојер на голот и се подготвени да платат 100 милиони евра за неговите услуги. Трансферот би требало да биде реализиран следното лето.
Францускиот голман дојде во Милан во летото 2021 година од Лил за 15 милиони евра. Претходно, Мањан беше дел од академијата на ПСЖ.
Баерн Минхен се обидува да изнајде решение за голманската позиција и оваа сезона, откако стана јасно дека опоравувањето на Нојер од скршеницата на ногата ќе трае подолго, а Јан Зомер замина во Интер.