Top Sport

Талентот Габри Веига, наместо во Наполи, ќе замине во Ал-Ахли!

Габри Веига, талентираниот фудбалер од средниот ред на Селта Виго, наместо веќе договорениот трансфер во Наполи, ќе биде едно од новите засилувања на саудискиот Ал-Ахли, тврди Фабрицио Романо. Селта веќе ја прифатила понудата на Ал-Ахли, а и 21-годишниот фудбалер се согласил на трансфер.

Наполи беа сигурни дека го склучиле договорот за трансфер од 30 милиони евра со 6 милиони евра бонус, но новиот тренер на Ал-Ахли, Матијас Јајсл успеал да го убеди Веига да стане еден од најмладите фудбалери со скап трансфер во Саудиска Арабија.

Ал-Ахли беа едни од најактивните во летниот пазар на играчи, носејќи го голманот Едуар Менди (Челси), дефанзивците Мерих Демирал (Аталанта) и Роџер Ибањез (Рома), Франк Кеси (Барселона), ако и напаѓачите Алан Сен-Максиман (Њукасл) и Роберто Фирмино (Ливерпул). Во тимот на Ал-Ахли, секако, е и македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.

Scroll to Top