Top Sport

Одбојкарите загубија од Чешка, во осминафиналето ќе ја предизвикаат Италија

Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Чешка со 3:0 во сетови во петтото коло од групната фаза на Европското првенство чиј ко-домаќин е и нашата земја. Во СЦ „Борис Трајковски“, Чесите беа подобри и успеаја да го комплетираат мечот во три сета. Ова значи дека Македонија во осминафиналето ќе го предизвика актуелниот шампион Италија, на гостински терен во Бари.

Капитенот Никола Ѓоргиев се врати во тимот по повредата на грбот поради која го пропушти претходниот меч со Холандија.

Чешка го доби првиот сет со 25:19, а во вториот Македонија даде најсилен отпор (25:23). Третиот сет повторно го освои Чешка, а македонските одбојкари стигнаа до 17 поени.

Македонија утре патува за Бари, а осминафиналниот меч против Италија е закажан за в сабота.

Scroll to Top