Top Sport

На крајот Американците останаа без медал – Канада со брoнза по драматичното продолжение

Најголемите фаворити, кошаркарската репрезентација на САД остана без медал на Светското првенство во Јапонија, Индонезија и Филипините, откако во драматична борба за третото место, загубија од Канада со 127:118 (34:25, 24:31, 33:26, 20:29, 16:7).

По изненадувачкиот пораз од Германија, Американците под водство на тренерот Стив Кер, повторно беа фаворити и против своите соседи, но имаа полошо отварање на мечот, по што цело време се обидуваа да се вратат во игра. Тие успеаја да примораат продолженија со тројка во последните секунди од мечот преку Мајкал Бриџис, но потоа во продолжението Канаѓаните беа подобри и заслужено стигнаа до бронзениот медал.

Дилон Брукс беше фантастичен за Канада со 39 поени и 7 тројки, додека Шеј Гилџис Александер заврши со 31 поен, додека кај Американците, Ентони Едвардс беше најефикасниот со 24 поени, а Остин Ривс заврши со 23.

Ова е прв медал на Светските првенства за Канада, додека Американците, неочекувано, втор Мундобаскет во низа остануваат без одличје.

Во големото финале од 14:40 часот, Србија ја пречекува Германија во европско финале.

Scroll to Top