Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, а сега ТВ-коментатор Џејми Карагер откри дека седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси му пратил порака во која го нарекол магаре.
Тоа се случило по трансферот на Меси во Пари Сен-Жермен во 2021 година, кога стави крај на 21-годишниот престој во Барселона, која не беше финансиски способна да му даде договор. Карагер сметал дека овој трансфер нема смисла, слично како трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед.
„Меси ми прати порака на шпански, така, тоа зборуваат Аргентинците. Не кажувам што ми пишуваше, но ќе го кажам тој збор, кој не го разбирав: ‘burro’. Знаете што значи тоа нели? Магаре“, откри Карагер.