Тренерот на Рома, Жозе Мурињо инсистира дека неговиот тим „не загубил“ од Севилја во финалето на Лига Европа минатата година, иако „волчицата“ загуби на пенали во драматичен и контроверзен меч во Будимпешта.
Рома дојде во водство со голот на Пауло Дибала, но Џанлука Манчини си постигна автогол за продолженија и пенали по кои Севилја ја освои рекордната седма титула од Лига Европа во меч во кој 14 играчи и тренери добија жолти картони. Мурињо, кој тогаш беше бесен на судењето на англискиот судија Ентони Тејлор, вели дека тоа не бил пораз.
„Ова е различна сезона од минатата, поинакво натпреварување. Ќе продолжам да кажувам до крај дека не го загубивме тоа финале во Будипешта. Секогаш кога ќе ме прашаат го кажувам тоа – ние не загубивме“, вели Мурињо.