Баерн Минхен го комплетираше потписот со искусниот германски дефанзивец Џером Боатенг. Откако му истече договорот со Лион, Боатенг беше без клуб.
Тој веќе го одработи првиот дел од лекарските прегледи и денеска ќе тренира со резервниот тим на Баерн. Се очекува да се приклучи на првиот тим во следните неколку дена.
Според добро упатени извори во Германија, Боатенг во текот на летото работел напорно чекајќи можност за нов договор и ја добил од својот поранешен клуб. Тој претходно една деценија ги бранеше боите на Баерн.