Натпреварите на репрезентациите на Израел во наредната недела ќе бидат одложени. Причината е прогласената вонредна состојба во земјата поради војната во ветената земја.
Сите спортски активности се прекинати, а спортистите од другите држави ја напуштаат земјата.
Вчера палестинската воена организација Хамас започна војна против Израел, навлегувајќи на територијата на земјата и истрелајќи над 5.000 ракети. Има многу заробени израелски граѓани.
Државата Израел одговори со воздушни напади врз 21 палестинска цел во Појасот Газа. Внатрешната команда на Израел стави портокалова ознака за опасност на поголемиот дел од пустината Негев.