Top Sport

Тим на Гвардиола повеќе од една деценија не играл толку слабо како Сити против Арсенал

Манчестер Сити вчера беше поразен во дербито од Арсенал, па по осмото коло го предаде првото место на табелата во Премиерлигата. Него го делат Тотенхем и Арсенал со по 20 бодови, а актуелниот шампион сега е трет со 18 бодови.

„Топчиите“ победија со 1:0 на „Емирати“ во неделата, а Сити за 90 минути имаше само четири удари кон голот на противникот.

Интересен е податокот дека четирите удари на Сити се најслабиот учинок пред гол на противник на еден од тимовите на Гвардиола од 2010 година.

Тогаш ја водеше Барселона, со која беше шампион на Европа во 2009 и 2011 година.

 

Scroll to Top