Саул „Канело“ Алварез ги освои ВБА, ВБЦ и ИБФ титулите во средна категорија по победата на поени над Генадиј Головкин, точно една година по нивното контроверзно „реми“.
Казахстанецот Головкин, познат како „Трипл Џи“, повторно беше лут на судиите, бидејќи двајца од нив последната рунда ја припишаа на Мексиканецот Алварез, со што се спречи втор нерешен исход. Двајцата судии го оценија мечот со 115:113 за Канело, а третиот сметаше дека се работи за реми 114:114.
Golovkin outlands Canelo 118-59 in Jabs. Also throws twice as many. #boxing #CaneloGolovkin2 pic.twitter.com/1np3icutft
— Mick Akers (@mickakers) September 16, 2018
Двајцата одеа удар-по-удар во долгоочекуванат апресметка во „Т-Мобиле арената“, Канело диктирајќи го темпото на мечот, но Головкин беше тој кој во првите рунди имаше повеќе удари. Канело се поправи во текот на мечот, но во последната рунда, шампионот беше посилен и поактивен. Сепак, на крајот Головкин го вкуси првиот пораз по 40 професионални мечеви, но нема да биде ништо чудно да видиме и по третпат пресметка на двајцата боксери.