Сега, кога Кристијано Роналдо почна да дава голови, кој ќе успее да ги сопре Јувентус во италијанската Серија А?
Тоа треба да биде главното прашање по неделното попладне во кое Роналдо ја „скрши“ лошата низа на три меча без победа, за со два гола да помогне „старата дама“ да го победи изненадувачки цврстиот тим на Сасуоло со 2:1 за четврта победа во исто толку натпревари. Со Интер на 12. место, а Наполи веќе со еден пораз, Јуве има три поени предност пред „партенопеи“ на врвот на табелата.
По тесното прво полувреме, Роналдо се најде на вистинското место во 50. минута за да го прослави својот прв гол за „старата дама“, иако не се работеше за некој спектакуларен потег. Одбраната на Сасуоло направи неверојатна грешка и Португалецот ја доби на „тацна“ топката за лудо да го прослави својот гол.
Петнаесет минути подоцна, Роналдо повторно беше на вистинско место, откако доби топка на работ на шестнаесетникот и лежерно го совлада противничкиот голман. Сасуоло, кои оваа сезона веќе ги победија Интер и се на третото место на табелата во 91. минута намалија на 2:1 преку Бабакар за да ги направат тензични последните минути во Торино, но без резултат.
Фото: ЕПА
СЕРИЈА А, 4.КОЛО
Рома – Киево 2:2
Џенова – Болоња 1:0
Јувентус – Сасуоло 2:1
Удинезе – Торино 1:1
Заврши чекањето – Роналдо со први два гола за Јуве! (видео) (ОБНОВЕНО)