Top Sport

Ловрен и официјално обвинет за лажно сведочење

Хрватското обвинителство од Осиек потврди дека има обвинение за хрватскиот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен за лажно сведочење во судењето против контроверзниот Здравко Мамиќ, поранешниот прв човек на Динамо Загреб.

Во март оваа година, обвинителството исто така покрена обвинение и против ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ, најдобриот фудбалер на Светското првенство во Русија во истиот случај.

Ловрен сведочеше на судењето на Мамиќ околу датумите за потпишување на анексите на неговите договори и парите за трансфер. Официјалните лица на Динамо се обвинети дека избегнале данок од 12 милиони куни (околу 2 милиони евра) и дека пренасочиле 116 милиони куни од фудбалскиот клуб. Мамиќ потоа пребега од Хрватска во Босна и Херцеговина.

Ловрен замина од Динамо Загреб во 2010 година во францускиот Лион, по што направи трансфер прво во Саутемптон во 2013, а потоа и во Ливерпул една година подоцна. За обвинението е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Scroll to Top