Top Sport

Холивидска ѕвезда го дизајнира новиот дрес на Борнмут

Холивудската супер ѕвезда, Мајкл Б. Џордан го посети тренинг центарот на англискиот премиерлигаш Борнмут, а неговиот деловен партнер и мнозински сопственик на клубот, Бил Фоли, откри дека актерот ќе учествува во дизајнирањето на новите дресови на тимот.

Американски бизнисмен Фоли стана мнозински сопственик на Борнмут во декември 2022 година, а малцинскиот сопственик е група инвеститори предводени од Џордан и основачот на Космос, Нула Саркер.

„Џордан е многу нормален човек. Тој нема ѕвезди во очите и го сака фудбалот. Ни помага во однос на меѓународниот маркетинг и маркетинг во САД, го дизајнира дресот кој ќе биде наскоро пуштен во продажба“, изјави Фоли.

Scroll to Top