Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон по завршувањето на сезоната 2024 ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари, потврдија германскиот и италијанскиот тим.
„Мерцедес и Луис Хамилтон ќе ја прекинат соработката на крајот на 2024 година. Луис ја активираше клаузулата во договорот кој беше потпишан минатата година“, се вели во соопштението на Мерцедес.
Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team and Lewis Hamilton will part ways at the end of the 2024 season. Lewis has activated a release option in the contract announced last year.
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 1, 2024
Само неколку минути подоцна, Ферари потврди дека Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со почеток во 2025 година.
Team Statement
Scuderia Ferrari is pleased to announce that Lewis Hamilton will be joining the team in 2025, on a multi-year contract. pic.twitter.com/moEMqUgzXH
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 1, 2024
Претходно во текот на денот се појави информација дека се работи за шокантен трансфер на Хамилтон во Маранело од 2025 година, а првата потврда дојде во форма на соопштение од Мерцедес.
Британецот во тимот ќе му се придружи на Шарл Леклер, кој неодамна потпиша нов повеќегодишен договор со легендарниот тим. Ова значи и дека Карлос Саинц јуниор ќе мора да најде нова работа.
Гласините за потенцијалната преселба на Хамилтон во италијанскиот тим се појавуваа со години, но двете страни до денес жестокот ги демантираа таквите шпекулации.
Сигурни извори тврдат дека преговорите се воделе во последните неколку дена бидејќи во исто време Ферари преговарал со Саинц за продолжување на соработката. Во моментот кога првиот човек на Ферари, Џон Елкан открил дека постои можност да го ангажира седумкратниот светски шампион, вложил се за да се оствари договорот.
Претстојната сезона ќе биде 12-та за Хамилтон во Мерцедес, тимот со кој освои шест титули во периодот од 2014 до 2020 година. Единствената преостаната титула ја освои како возач на Мекларен, но со мотор на Мерцедес, во 2008 година.
Британецот освои 90 од рекордните 103 победи како возач на германскиот тим, а во период од 11 сезони забележа вкупно 148 подиуми, со 78 пол-позиции.
Од друга страна, Ферари е без титула од 2007 година, кога на тронот на Формула 1 беше Кими Раиконен. Меѓу другите, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Шарл Леклер останаа со кратки ракави во борбата за титулата како возачи на италијанскиот тим.
Преселбата на Хамилтон во Ферари целосно ќе ја отвори ситуацијата околу преодниот рок во Формула 1. Како главен кандидат за замена на Британецот се споменува Алонсо, додека Саинц неочекувано остана без место. Она што е познато е дека Џорџ Расел има договор со Мерцедес до крајот на следната сезона, дека Макс Верстапен е врзан за Ред Бул до 2027 година, како и Ландо Норис со Мекларен.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 започнува со Големата награда на Бахреин на 2 март.